• Мартин Танасковски
„Франс Фудбал“ ја објави листата на кандидати за наградата најдобар тренер во светот, по избор на овој престижен француски медиум.
Номинирани за наградата се Чаби Алонсо (Баер Леверкузен), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Луис де ла Фуенте (селектор на Шпанија), Џанпјеро Гасперини (Аталанта), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Лионел Скалони (селектор на Аргентина).
Победникот во изборот за најдобар тренер ќе биде објавен на 28 октомври, на церемонијата на доделување на највисоката индивидуална фудбалска награда - Златната топка.
Овој избор за тренер на годината ќе биде историски, бидејќи сите кандидати апсолутно ја заслужуваат наградата.