Историски фотографии: Иран по 40 години укина фудбалска забрана

Фудбалската репрезентација на Иран на натпреварот против Камбоџа во рамки на квалификациите за квалификациите за Светското првенство (СП) во 2022 година имаше подршка од понежниот пол и укината е забрана стара 40 години.

За првпат по 1979 година и Исламската револуција, натпреварите на националниот тим ќе може да ги гледаат жени. Иранските власти решија да ја укинат забраната за жените да гледаат фудбал во живо.

Реакцијата доаѓа откако минатиот месец Сахар Кодајари си го одзема животот и се самозапали, затоа што не ѝ беше дозволен влез на фудбалски меч и ќе мораше да оди в затвор затоа што се обидела да го направи тоа.