ВИДЕО: Историски дуел во Сента - Стеауа ја исфрли Бачка Топола после луди 6-6!

Историски натпревар во второто коло од квалификациите на Лига Европа одиграа српскиот претставник Бачка Топола и романската екипа ФЦСБ (поранешна Стеауа). На стадионот во Сента недостигаа само гледачи да го видат чудото од натпревар, кое заврши 6-6 по продолженија, откако во регуларниот тек дуелот финишираше со 4-4.

Со оглед на тоа што мораше да има победник, Романците беа посреќни и славеа по изведување на казнени удари со 5-4. Луда беше последната минута од регуларниот тек, бидејќи со автоголот на Балаз. ФЦСБ поведе со 3-4, но само една минута подоцна Томановиќ израмни на 4-4.

  • Извештај од натпреварот: 

Херојството на Бачка Топола е уште поголемо ако се знае дека Поњениќ во 44. минута и Силаџи во 103. минута беа исклучени, па српскиот клуб натпреварот го заврши со девет фудбалери.

Бањац во третата серија единствен не го реализираше пеналот и ФЦСБ извојува победа од 4-5 по изведување на пенали.