• Горан Упале

31 јули 2026 година ќе остане запишан како еден од најзначајните датуми во поновата историја на ФК Пелистер. Битолскиот клуб по првпат, по цели 81 година постоење, доби свој официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат уште поблиску да ја покажат својата љубов кон „зелено-белите“.
Отворањето привлече голем број симпатизери на Пелистер, кои во текот на денот го посетија новиот продажен простор, купуваа клупски реквизити, се фотографираа и заедно со клубот го одбележаа овој историски момент.
Од ФК Пелистер упатија голема благодарност до сите кои беа дел од настанот, истакнувајќи дека ова е само почеток на една нова приказна која клубот ќе ја гради заедно со своите верни навивачи.
Со отворањето на официјалниот фан-шоп, Пелистер направи уште еден важен чекор во развојот на клубот и во зајакнувањето на врската со својата навивачка база, која со години е препознатлива како една од најверните во Македонија.
