ВИДЕО: Историска титула – Белграно славеше над Ривер и стана шампион по 121 година! 

Белграно од Кордоба го забележа најголемиот успех во историјата на клубот победувајќи ја Ривер Плата со 3-2 во финалето на аргентинската Апертура 2026.

„Пиратите“ стигнаа до шампионската титула со пресврт и тоа предизвика ерупција од ентузијазам кај навивачит,е кои го чекаа овој момент со децении.

Тимот од Кордоба успеа да го сврти натпреварот кој се чинеше дека оди во корист на гигантот од Буенос Аирес, а потоа ја прослави историската титула пред десетици илјади навивачи на стадионот „Марио Алберто Кемпес“.

Големината на овој успех е уште поимпресивна ако се знае дека Белграно е основан уште во 1905 година и никогаш претходно не го освоил шампионатот на Аргентина. Триумфот против Ривер му ја донесе на клубот првата државна титула по повеќе од 120 години постоење.