• Зоран Мишевски
Ленс е првиот финалист во Купот на Франција, откако го победи Тулуз со 4-1 во полуфиналето. Головите за Ленс ги постигнаа Флоријан Товен, Алан Сен-Максимин, Матие Удол и Адриен Томасон, додека Сантијаго Илдаго беше стрелец за Тулуз.
- Извештај од натпреварот:
Ова ќе биде четврто финале за Ленс, откако ги загуби претходните три (1948, 1975, 1998). Првиот пат беше против Лил (2-3), потоа против Сент Етјен (0-2), а последниот пат против ПСЖ (1-2).
Тимот, предводен од Пјер Саж, ќе игра за титула против победникот од утрешниот натпревар помеѓу Стразбур и Ница. Финалето ќе се одигра на „Стад д Франс“ на 22 мај.







