• Иван Димовски

Португалскиот шампионат се реши да имплементира новитет во користењето на ВАР технологијата. Во ова првенство судиите ќе јасно и гласно преку разгласот на целиот стадион ќе ги кажуваат одлуките кои менуваат одредена ситуација.
Првата таква ситуација се случи на натпреварот меѓу Рио Аве и Брага кој заврши без голови (0-0) во 25. коло на Примеира лигата. Судијата Фабио Верисимо при еден постигнат гол во 64. минута доби сигнализација за офсајд од ВАР собата, па преку својот микрофон се обрати на сите навивачи на трибините.
HISTÓRICO: Primeira explicação do árbitro ao vivo na Primeira Liga pic.twitter.com/81yFwzM9zA
— Cabine Desportiva (@CabineSport) March 9, 2024
Досега ВАР проверките и одлуките ги пишуваше на семафорите во европските лиги, меѓутоа веројатно овој тип на известување по примерот на НФЛ рагби лигата во Соединетите Американски Држави ќе заживее на „стариот“ континент. Секако, дискусиите на судиите во ВАР собата ќе останат тајни за време на натпреварите.