ВИДЕО: Историска победа на Курасао, Хондурас елиминиран од Голд Купот

Селекцијата на Курасао приреди сензација и ја забележа историска победа на Голд Купот кој се одржува во САД, Костарика и Јамајка. Оваа мала островска земја запиша прва победа во историјата на шампионатите на Средна и Северна Америка и го совлада Хондура со 1-0.

Единствениот гол го постигна Леандро Бакуна во 40. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот меѓу Ел Салвадор и Јамајка заврши без голови. По две одиграни кола во Ц групата селекциите на Јамајка и Ел Салвадор водат со по четири бода, следи Курасао со три бода, а непријатно изненадување е учесникот на Мундијалот пред пет години Хондурас, кој сигурно шампионатот ќе го заврши по првата фаза. 

Ноќва на шампионатот се игра дуелот меѓу САД и Тринидад и Тобаго.