• Горан Упале
Форматот на српската Суперлига и официјално ќе се промени, но не од сезоната која што следува. Сезоната 2025-26 во српскиот елитен фудбал ќе продолжи како оваа, неодамна завршената, со 16 екипи, но борбата за опстанок ќе биде многу тешка.
Причината е што лигата се намалува, па во сезоната 2026-27 ќе има 14 екипи, а една година подоцна ќе има 12 екипи. Одлуката ја донесе денес Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија. Прописите за натпреварување ќе бидат објавени подоцна.
Како што беше објавено на официјалните канали на Фудбалскиот сојуз на Србија, ова е една од најважните одлуки во српскиот фудбал во овој век. Промени ќе претрпе и Првата македонска фудбалска лига, исто така од сезоната 2026/27 која најверојатно ќе започне со само десет екипи.
ФОТО/PHOTO: Crvena Zvezda