ВИДЕО: Историска ноќ за Гави, Барса ја „уништи“ Севиља и му избега на Реал

Фудбалерите на Барселона го искористија киксот на Реал Мадрид и извојуваа голема победа на дербито со Севиља (0-3). Со овој триумф, 17. сезонава, момците на Чави Хернандез се одлепија на осум бода од лутиот ривал од Мадрид, кој денес беше шокиран на гостувањето кај Мајорка.

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме на „Камп Ноу“ не донесе атрактивен и возбудлив фудбал. Барселона беше поактивна, имаше иницијатива и ја контролираше играта, но само двапати успеа посериозно да се закани. Во главната улога повторно беше Роберт Левандовски, но овој пат полскиот ас не најде начин како да го совлада одличниот Боно. Првата можност не ја искористи во 17. минута, кога прво беше блокиран од Гудељ, а потоа гостинскиот голман фантастично одбрани. Неколку минути подоцна Боно одново беше на висина на задачата и со нова интервенција не дозволи атрактивен гол на поранешниот ас на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. На спротивната страна, пак, Севиља одигра споредна улога и испрати само еден удар кон противничкиот гол.

Сепак, ѕидот од пред голот на Севиља беше пробиен во 57. минута, кога Жорди Алба го „скрши мразот“ и го постигна својот прв овосезонски гол. Каталонските фудбалери во свој стил одработија перфектна акција, а искусниот бек погоди по одлично додавање на Кеси (1-0). 

Но, тоа не беше сè од репертоарот на Барса. Во 70. минута младиот Гави се најде на вистинско место по центаршутот на Рафиња и го постигна голот-првенец со „шестката“ на грбот – бројка која што Чави ја носеше во својата ера на „Камп Ноу“. Бледото издание на гостите од Севиља донесе уште еден погодок на домаќините, откако конечните 3-0 ги постави Рафиња.

Следен предизвик за Барселона ќе биде гостувањето кај Виљареал, додека Севиља излез од кризата ќе бара против Мајорка.

Состави

Чави

4-3-3

    Jorge Sampaoli

    5-4-1