Историјa за хрватскиот фудбал - од следната сезона два преставници во ЛШ

Денешната победа на Динамо Загреб над Бенфика се слави во цела Хрватска. Дури и оние кои не се приврзаници на „модрите“ имаат причини за славје. Триумфот на Динамо Загреб значи огромен напредок на клупската рејтинг листа на УЕФА, така да Хрватска од сезоната 2019/20 ќе има два претставници во квалификациите на Лигата на шампионите.

На хрватскиот клупски фудбал му беше потгребен само еден бод од двата натпревари на Динамо против Бенфика за да бидат прескокнати Швајцарија и Данска и Хрватска да дојде во зона каде што е Грција и има два претставници во квалификациите.

Ова е прв ваков случај на земја од бившите југословенски простори и скоро цел рејтинг е заслуга на Динамо Загреб. Нема да биде лесно да се задржи позицијата во која се наоѓа Хрватска, но со скоро 20 милиони евра заработени од УЕФА, Динамо Загреб има огромен финансиски потенцијал да доминира во хрватскиот и балкански фудбал. 

Скоро сигурно првак пак ќе биде Динамо Загреб, каде што капитен е македонскито репрезентативец Аријан Адеми, а сега второто место отвора голема борба, многу пари и место во борба со елитата.