ВИДЕО: Историјата се повтори во Истанбул, Адријан одбрани како Дудек за нов трофеј на Ливерпул! 

Во 2005 година Јиржи Дудек му донесе незаборавна титула на Ливерпул во Лигата на шампионите.

Тогаш, во епското финале против Милан одиграно во Истанбул, одличниот полски голман на фантастичен начин го прочита ударот од 11 метри на Шевченко и го искачи Ливерпул на кровот на фудбалска Европа, а синоќа по 14 години историјата се повтори во Истанбул и „црвените“ повторно подигнаа европски трофеј.

Во Суперкуп дуелот на УЕФА, синоќа Ливерпул славеше над Челзи по изведувањето на пеналите, а овој пат херој беше новиот голман на тимот Адриан, кој речиси на идентичен начин како и Дудек пред 14 година го одбрани пеналот на Абрахам и донесе црвено славје на „Водафон“ арената. 

  • Одбранетиот пенал на Дудек во 2005:

  • Одбранетиот пенал на Адриан во 2019: