• Иван Димовски
Интер Мајами испиша клупска историја и го освои трофејот во МЛС лигата, откако во финалето слави со 3-1 против Ванкувер Вајткепс. Натпреварот на „Чејс стадион“ во Форд Лодердејл го комплетираа својот шампионски поход, па стигнаа до главната цел освојувајќи го најголемиот трофеј во САД.
Лионел Меси и соиграчите веднаш тргнаа во свој стил и стекнаа рана предност. Течеше само осмата минута кога несреќниот Окампо си даде автогол сакајќи да спречи уфрлување на втора статива кое можеше да резултира со гол. Ванкувер во продолжението се наметна и се обиде да се врати, ама не успеа да се врати до паузата. Канаѓаните резултатски се вратија по точно еден час игра, кога Али Ахмед реализира за 1-1.
Тогаш на сцена стапија Американците, бидејќи Интер Мајами до крајот имаше сè во свои раце. Родриго Де Пол го врати водството на „розевите“, откако доби перфектна топка од Меси и излета во зицер позиција, реализирајќи за 2-1 во 71. минута.
До пред самиот крај беше активен истиот резултат, а тимот од Флорида ја потврди победата во шестата дополнителна минута со голот на Тадео Аленде за конечните 3-1.
- Извештај од натпреварот:
Интер Мајами го освои првиот трофеј во МЛС лигата откако е формиран во 2018 година, а вкупно 47. во кариерата.

