Историја за Босанецот Един Џеко во Конференциската лига на УЕФА

Напаѓачот од Босна и Херцеговина, Един Џеко, успеа да стане најстариот стрелец во историјата на Конференциската лига, со голот постигнат за Фиорентина во победата кај Рапид Виена со убедливи 0-3. 

Во својата 40. година, поточно, на 39 години и 220 дена, тој го постигна вториот гол за Фиорентина во победата од 3-0 против Рапид во Виена.

Со тоа, тој го надмина чешкиот фудбалер Милан Петржели, кој пред три сезони постигна гол за Келн против на возраст од 39 години и 89 дена.

Џеко не играше многу фудбал оваа сезона, бидејќи не е стартер кај тренерот Стефано Пиоли. Тој добива поголема минутажа во Конференциската лига и ја користи максимално, па останува да се види дали ќе ја пренесе добрата форма и во Серија А

Фиорентина не започна добро во домашното првенство, но е непоразена во Европа по две кола со максимални шест бода.