ИСТОРИЈА: „Вундеркидот“ на Дортмунд конечно дебитира за првиот тим на Фавр

Вистинскиот „вундеркид“ на Борусија Дортмунд кој долго време беше најавуван, Јусуфа Мукоко, вчера дебитира за првиот тим во победата кај Херта (2-5). 

Голгетерот пред два дена наполни 16 години и доби право да настапува во Бундеслигата, а вчера со 16 години и еден ден стана најмладиот играч кој настапил во германското првенство. 

Моментот се случи во 85. минута, а Мукоко го замени неверојатниот Ерлинг Халанд кој даде четири голови во второто полувреме. Најмладиот играч кој играл во Бундеслигата беше најавуван како еден од најперспективните фудбалери на светот. 

Сепак, тоа не се празни најави, бидејќи во младинските погоди Мукоко на 88 натпревари за Борусија даде 141 погодок и запиша 27 асистенции, сè тоа со играчи кои беа барем по три или четири години повозрасни од него. 

Останува да видиме дали Јусуфа Мукоко ќе успее да го исполни потенцијалот и како ќе се снајде во првиот тим на Борусија Дортмунд.