Тим составен од студенти ќе игра квалификации за Лига Европа

Фудбалот во Велс бележи историја, затоа што екипата на Кардиф Мет Јуниверзити се пласира во квалификациите за Лигата на Европа.

Се работи за студентски тим, кој успеа да слави во плеј-офот со Бала Таун по пенали и да обезбеди излез во Европа. Мечот заврши со резултат 1-1, слично беше и по продолженијата, а во ударите од белата точка поуспешен беше тимот на Кардиф со 3-1.

Кардиф Мет Јуниверзити е тим составен од студенти кои се запишани на универзитетот за да бранат дипломски труд, за да бидат магистри или, пак, студенти кои подготвуваат докторати по психологија, тренерство и спортска анализа.

Се работи за аматерски тим, но и покрај тоа, Кардиф Мет Јуниверзити бележи историја и ќе игра во еврокуповите за сезона 2019/20.