Историја во УЕФА-натпреварувањата: Жена ќе суди на Суперкупот меѓу Ливерпул и Челзи

За првпат во историјата на финалните натпревари под капата на УЕФА, женски судија ќе води натпревар за титула во евро-натпреварувањата.

Французинката Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се игра на 14 август помеѓу Ливерпул и Челси во Истанбул.

Најдобриот женски судија го судеше финалето од Светското првенство за жени помеѓу Холандија и САД минатиот месец во Франција. За помошнички на Фрапар делегирани се Мануела Николоси и Мишел Онил, а четврти судија ќе биде познатиот Чунејт Чакир.

„Водафон Арена“, на која настапува Бешикташ на 14 август во 21:00 часот ќе биде домаќин на првиот Суперкуп на Европа во кој ќе се сретнат две англиски екипи.