• Саше Љолес
На натпреварот од МЛС лигата помеѓу Њу Ингланд и Филаделфија Унион, се случи еден историски момент, затоа што натпреварувањето го доби најмладиот дебитант во Соединетите Американски Држави, а можеби и во светот.
Се работи за 14-годишниот Каван Саливен, кој доби шанса да втрча на теренот во 85. минута, станувајќи најмлад играч во историјата на американскиот спорт. Претходно рекордот му припаѓаше на Фреди Аду, кој во 2004 година дебитираше на иста возраст, но беше само 13 дена повозрасен од Саливен.
„ЕСПН“ пишува дека Саливен е најмлад играч кој настапил во било која спортска лига во САД, вклучувајќи ги и другите спортови (хокеј, кошарка и американски фудбал). Познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, објави дека Саливен е веќе на „радарот“ на големи европски клубови како Манчестер Сити и Арсенал.