• Саше Љолес
Екипата на Централ Кордоба Де Росарио испиша славна страница во својата историја и успеа првпат од своето постоење да триумфира во Купот на Аргентина, откако во финалето го совлада тимот на славниот Велез Сарсфилд со конечни 1-0.
Автор на триумфот беше Матијас Годој, кој постигна спектакуларен гол во 54. минута, сосема доволен за освојување на престижниот трофеј кој минатите пет години им припадна на пет различни клубови - Естудијантес, Бока Јуниорс, Патронато, Ривер Плата и Розарио.
Централ Кордоба во моментов е на очајното 20. место во аргентинската лига, но навивачите имаат многу причини за славје и веќе изразија огромна благодарност за своите миленици кои донесоа радост на нивните лица. Клубот е формиран во далечната 1919 година, што значи дека првата титула во Купот дојде после дури 105 години постоење.