Историја: Седум македонски фудбалери стартери за ист тим во странство!

Историски момент за македонскиот фудбал е забележан на Косово, затоа што екипа започна со седум фудбалери родени во Македонија во стартната единаесетка, што е досега невидено и рекорд за тим надвор од нашите граници.

Се работи за екипата на Феризај од Косово, која на мечот со Лапи во шампионатот имаше седум играчи родени во Македонија. Тоа беа голманот Марко Јовановски, потоа Филип Глигоров, Ардит Иљази, Меџит Незири, Ваљмир Нафиу, Јакуп Бериша и Ремзифаик Селмани.

Мечот заврши со важна победа на Феризај од 2-1, затоа што тимот води битка за опстанок.