Истече договорот на Атанаскоски со албански Партизани Тирана

Македонскиот фудбалер Давид Атанаскоски ќе има нов клуб во периодот кој следи затоа што си заминува од Албаниија каде го носеше дресот на Партизани Тирана.

Левиот бек кој има 27 години беше дел од клубот од 2022 година, а по истекот на договорот ќе ја промени Албанија. Атанаскоски имаше потпишано договор со Партизани до јуни 2024.

Во албанскиот клуб Атанаскоски дојде од Македонија ЃП, а претходно настапуваше за Шахтер Караганди од Казахстан, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тетекс.

Атанаскоски за Партизани одигра 81 натпревар на кои даде два гола и освои два трофеи.