Истанбул останува без финалето во ЛШ поради гестот на турските фудбалери?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја разгледува можноста да го казни Истанбул и да му го одземе домаќинството на финалето во Лигата на шампионите наредната година.

Причина за тоа би бил гестот на турските репрезентативци, кои со војнички поздрав ги прославуваа головите во квалификациите за Европското првенство.

„Ќе ја почитуваме автономијата и независноста на спортот, но сигурно е дека не можеме да ги замениме Обединетите нации, Европската унија, државите, амбасадорите и другите политички институции“, рече Мишел Ува, потпретседателот на УЕФА:

Стадионот во главниот град на Турција собира 76.000 гледачи и е истиот на кој што Ливерпул во 2005 година го направи епскиот пресврт против Милан.