Истанбул на нозе: Филип Костиќ најново засилување на Фенер и Мурињо

Филип Костиќ пристигнува во азискиот дел на Истанбул и како позајмен фудбалер ќе настапува во дресот на Фенербахче, а тимот чиј тренер е Жозе Мурињо ќе има право да го купи на крајот од сезоната.

Навивачите на Фенербахче на аеродромот го пречекаа својот нов херој, кој претходно го одби Галатасарај и реши да игра со Душан Тадиќ и на клупски план.

Од доаѓањето во Јувентус, Костиќ одигра 87 натпревари, постигна три гола и забележа 15 асистенции, но беше прекуброен кај новиот тренер Тиаго Мота.

Искусниот српски ас претходно настапуваше за Раднички од Крагуевац, Гронинген, Штутгарт, Хамбург и Ајнтрахт, клуб со кој го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи ја Лига Европа. За репрезентацијата на Србија забележа 64 настапи и постигна три гола.