• Саше Љолес
Италијанскиот гигант Милан ја одби првата понуда на Галатасарај за трансфер на Рафаел Леао и јасно стави до знаење дека португалскиот напаѓач нема да замине за сума помала од 50 милиони евра.
Турскиот шампион понудил 30 милиони евра, плус уште пет милиони преку бонуси, но раководството на „росонерите“ не било подготвено да ја прифати таквата понуда.
Во меѓувреме, ниту самиот Леао сè уште не се согласил на трансфер. Наводно, тој бара годишна плата од околу 13 милиони евра за да се пресели во Истанбул.
И покрај првичното одбивање, Галатасарај нема намера да се откаже и се очекува наскоро да испрати подобрена понуда во обид да го убеди Милан да го продаде еден од своите најважни фудбалери.
Доколку трите страни не пронајдат заеднички јазик, можно е и да се остварат предвидувањата дека Леао ќе остане во таборот на „росонерите“, особено ако за негов трансфер не пристигне понуда која ги задоволува барањата на управата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





