Истанбул доби „црта“: Финалето во ЛШ има нова локација!

Финалето од оваа сезона во Лигата на шампионите нема да се игра во Истанбул како што беше претходно планирано, туку е префрлено во Португалија, на стадионот „Драгао“ на Порто.

УЕФА мораше да прави промени откако Турција се најде на „црвената листа“ на Велика Британија поради ковид-протоколите и секој оној кој ќе влезеше во земјата, во случајов Истанбул. ќе мораше да оди во десетдневен карантин.

Така, европската куќа на фудбалот, која подели по 4.000 билети на клубовите-учесници во финалето, мораше да ја промени локацијата. Алтернатива беше „Вембли“, меѓутоа од Англија не сакаат да дозволат новинари, спонзори и други лица од странските земји.

Португалија реши да ги прифати сите барања, а исто така оваа земја е на „зелената листа“ на Островот, па ќе може да има и навивачи и спонзори на трибините.

Во мечот за титула во ЛШ играат две англиски екипи, Манчестер Сити и Челзи, а датумот на средбата е 29 мај.