• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов дефинитивно ја подобрува својата форма и прикажува одлични игри во дресот на Кочаелиспор.
Турскиот суперлигаш оствари убедлива победа од 3-0 над Газиантеп во натпреварот од 22. коло, а нашиот Чурлинов асистираше при вториот и третиот погодок, кои пристигнаа во 76. и 81. минута.
Слично како и во минатото коло, Македонецот блесна веднаш откако доби шанса да втрча на теренот. Минатата недела Чурлинов подели асистенција само шеесет секунди откако влезе во игра, а денес тоа му успеа после само четири минути.
Сосема заслужено ја доби највисоката оценка од сите актери на теренот (8,7), покажувајќи дека стручниот штаб може и мора да смета на него многу повеќе во иднина.

