• Саше Љолес
Дарвин Мачис можеби не е најпознатото име во светскиот фудбал, иако зад себе има прилично богата интернационална кариера.
32-годишниот крилен напаѓач има 52 настапи за репрезентацијата на Венецуела, а на клупски план играше за повеќе тимови од Италија, Шпанија и Португалија. Овој јужноамерикански фудбалер се „прослави“ со тоа што неговите тимови испаѓаат од елитниот ранг, а тоа му „појде од рака“ во дури четири последователни сезони.
Мачис доживеа преселба во понизок ранг со екипите на Кадиз и Гранада, а со вчерашниот пораз од Бетис, вторпат ја доживеа истата судбина и со екипата на Ваљадолид.
Ова „достигнување“ досега му има успеано само на Аргентинецот Хорхе Роберто Ларас, а Мачис е вториот фудбалер во историјата на Примера кој испаднал четири пати во само четири сезони.