• Саше Љолес
Англискиот второлигаш Вест Хем објави дека за претстојната сезона веќе се продадени повеќе од 50.000 сезонски билети.
Од клубот истакнаа дека интересот кај навивачите е дури и поголем во споредба со минатата сезона, кога тимот настапуваше во Премиер лигата.
„Чеканите“ минатата сезона испаднаа во Чемпионшип, само три години по историскиот успех во 2023 година, кога го освоија трофејот во Конференциската лига, втор европски пехар во клупската историја.
Големата продажба на сезонски билети уште еднаш ја потврдува силната поддршка што Вест Хем ја ужива од своите навивачи, кои веруваат дека клубот експресно ќе се врати во англиската елита.




