Испадна од Чапекоенсе, а сега му ги нуди СИТЕ фудбалери!

Фудбалот веќе подолго време не памети ваков тажен ден како денешниот, бидејќи во авионска несреќа во Колумбија загинаа скоро сите фудбалери и стручниот штаб на бразилскиот клуб Чапекоенсе.

Овој мал клуб ги живееше најубавите моменти од поновата историја, откако за неколку сезони од четвртата лига се пласираа во бразилската Серија А, а пред пет дена обезбеди финале во Копа Судамерикана против тимот на Атлетико Насионал. Бразилскиот клуб во четвртфиналето од ова натпреварување по изведувањето на пеналите го елиминира парагвајски Либертад, кој денеска по трагедијата се огласи: 

„Либертад сака да им оддаде почит на жртвите во оваа страшна трагедија. Ние едногласно одлучивме сите наши играчи да му ги ставиме на располагање на Чапекоенсе и доколку дозволат двата фудбалски сојузи бразилскиот клуб да може да ги користи“, се вели во соопштението на парагвајскиот клуб. 

Исто така, големите фудбалски гиганти од Бразил, Коринтијанс, Сантош, Сао Паоло и Палмеирас потпишале петиција до фудбалската асоцијација како би му помогнале на клубот кој остана без цел фудбалски тим.