• Мартин Танасковски
УЕФА ги одреди судиите за европските купови, а таму има неколку наши репрезенти, како и Шкендија како клуб која ја очекува домашен дуел со Слован Братислава во Конференциската лига на УЕФА.
На центарот на Арената „Тодор Проески“ ќе бидат судии од Исланд. Ивар Ори Кристјансон ќе биде главен судија, асистенти се Биркир Сигурдарсон и Гилфи Мар Сигурдсон. Четврти суидја е Вилхјалмур Тораринсон, додека во ВАР-собата се Кевин Кленси и Грент Ирвин од Шкотска. Мечот Шкендија - Слован се игра од 18:45 часот.
Во Конференциската лига, Васко Дојчиновски ќе биде УЕФА-делегат во Ереван на мечот Ноа - Легија. Дејан Јакимовски ќе биде надзорник на судиите во Познањ, на дуелот Лех - Мајнц 05.
Во Европа Лигата, на мечот Селта -Болоња, судиите ќе ги следи Димитар Мечкаровски. Во младинската Лига на шампиони, пак, на дуелот Нант - Макаби Хаифа, ќе судат Игор Стојчевски, Куштрим Лика и Кристијан Џонов.
Како што информиравме претходно, судиите на дербито во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ги следи Филип Поповски.




