ВИДЕО: Исланд ја „сопна“ Романија, Македонија сама одлучува за бараж за СП!

Фудбалерите на Исланд ѝ направија услуга на Македонија и одиграа реми без голови во Букурешт против Романија (0-0), во пресметката од претпоследното коло во квалификациите за Светското првенство. Сега, Македонија сама ќе одлучува за својата судбина, бидејќи ја презеде втората позиција во групата, па со победа в недела против Исланд во Скопје ќе игра бараж за Мундијалот во Катар

  • Романија - Исланд 0-0:

Натпреварот во Букурешт понуди шанси, подобра игра и блага доминација на Романците, но немаше погодоци, што најмногу ни одговараше нам. Домаќинот беше подобар ривал во двете полувремиња, имаше свои можности и има за што да жали по натпреварот. Исланѓаните беа опасни пред крајот на првиот дел, играа отворено и на стартот на продолжението, ама не шутнаа ниту еднаш во рамките на голот на голманот Ница

Од друга страна, Олафсон имаше повеќе работа од колегата на спротивната страна. По неколку шанси во првиот дел, Исланд успеа да се одбрани. Во завршницата Романија целосно притисна, доминираше и направи мала опсада пред противничкиот гол. Најблизу до гол за победа беше Јанис Хаџи, кој со одличен удар ја погоди стативата, додека Александру Максим можеше да даде атрактивен гол со пета, но Олафсон спречи спектакл. 

На крајот, Исланд успеа да се одбрани во овој натпревар против Романија и со директна услуга за Македонија ќе допатува во Скопје. Математиките се јасни, Македонија со победа против „рибарите“ на домашен терен за првпат во историјата ќе игра бараж за Светското првенство. 

Во групата Ј се одигра и пресметката меѓу апсолутниот фаворит и аутсајдер, во која Германија го прегази Лихтенштајн со 9-0 (4-0). Дуелот во Волфсбург понуди по четири гола во двете полувремиња, а траекторијата кон дебаклот ја најави црвениот картон за гостите уште во деветтата минута. Своето име меѓу стрепците по двапати го запишаа Томас Милер и Лерој Сане, а погодуваа уште Баку, Гундоган, Ројс и автоголови си дадоа Кауфман и Гопел.

Состави

Eduard Iordanescu

4-3-3

    Arnar Vidarsson

    4-3-3