Ислами: Раниот гол нè стресе, заслуживме да израмниме

Тетовска Ренова со пораз од Хајдук (0-1) ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Тренерот Бујар Ислами и покрај поразот беше задоволен од она што го видел на терен и истакна дека незаслужено било што овој натпревар не завршил барем нерешено.

„Задоволен сум како одиграа момците. Примивме ран гол во 5. минута, додека се соземевме, видовме дека рамноправно може да се спротиставиме. Вториот дел беше перфектен за нас, имавме многу шанси, неколку зицери кои не ги искористивме. Заслуживме да го израмниме резултатот во вториот дел и да бараме продолжение. Не им замерувам ништо на моите фудбалери. Во вториот дел покажавме тактичка зрелост“, изјави Ислами.

Хајдук поради победата во наредната фаза ќе игра со Нефтчи Баку или Галатасарај.