• Зоран Мишевски
Финалистот на Купот на Македонија, охридска Воска Спорт доведе искусно име во своите редови за новата сезона, Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Томе Китановски, е нов член на Воска Спорт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.
Битолчанецот дојде во Воска Спорт од Мауерверк, каде долги години работи поранешниот репрезентативец, Илчо Наумовски. Претходно Китановски настапуваше за Слобода, Пелистер, Струга, Шкупи, Македонија ЃП, Славен Белупо, Истра, во Азербејџан, Албанија...
32-годишниот за новиот клуб ќе дебитира в недела на „Борис Трајковски“ во Маџари против Шкупи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.