• Мартин Танасковски
Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен си најде нов клуб. Иако беше пречкртан во Лион, 35-годишниот дефанзивец размислуваше да остане таму поради високата плата, но на крајот реши дека повеќе би сакал да игра фудбал на друго место.
Ловрен се согласи на понудата на грчкиот гигант ПАОК. Наскоро се ќе биде официјализирано и искусниот дефанзивец ќе го облече црно-белиот дрес. Ловрен така го заврши вториот престој во екипата на Лион.
Хрватот потпиша за „лавовите“ во јануари 2023 година, но на крајот од минатата сезона му беше кажано дека нема што повеќе да бара во клубот и дека повеќе не се смета на него.
Сигурно е дека стоперот ќе биде големо засилување за грчкиот шампион кој оваа сезона ќе игра во Европската лига. Неговото искуство е огромно, особено во европските натпревари.