Искусно босанско крило ново засилување на Вардар

Скопски Вардар работи на формирање на тимот за следната сезона во ПМФЛ. Клубот се активираше откако доби нов генерален спонзор и започна да се засилува. Претходно денес беа потврдени трансферите на Сеук Гјун-Ким и Марио Костов, сега е познато уште едно ново име. 

Горан Закариќ ќе игра на крилните позиции во Вардар. Се работи за 31-годишен фудбалер кој има и репрезентативни настапи за Босна и Херцеговина. Неговиот последен ангажман минатата сезона беше во Аиоликос на Кипар, а сега се договори со „црвено-црните“ и веднаш ќе се приклучи на тимот во Словенија. 

Освен на Кипар, Закариќ во минатото беше дел од Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрињски, Локомотива Загреб, Универзитатеа, Борац Бања Лука, Задар и Славен Белупо. 

За босанската репрезенатција Горан Закариќ има 11 настапи, а последниот беше во 2019 година.