Искусниот Зоран Даноски ќе ја продолжи кариерата во Босна и Херцеговина

Македонскиот интернационалец Зоран Даноски има нов клуб и ќе настапува во Премиер лигата на Босна и Херцеговина. 

По една сезона во Радник Сурдулица, 32-годишникот се сели во Звијезда 09. Крилниот напаѓач така ќе го запише и босанското првенство во своето богато портфолио. Со Звијезда, Даноски парафира договор на една сезона. 

Кариерата на прилепчанецот преку Кожуф уште во 2009 година го одведе во Чешка. Во оваа земја настапуваше за Мост, Чомутов и Прибрам, а во 2015 се врати во Македонија и заигра за скопски Металург. Потоа Даноски играше за Победа, Интер Запрешиќ, Тиквеш, па повторно за Прибрам и Победа.

Во 2018 година започнаа српските авантури. Даноски играше за Радник, Пролетер, Младост и Нови Пазар, па сега кариерата ќе ја продолжи во Звијезда. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.