• Саше Љолес
Искусниот италијански голман, Салваторе Сиригу, се врати во Палермо, клубот каде ја започна својата богата кариера.
37-годишниот чувар на мрежата минатата сезона ја мина во турскиот Фатих Карамгурук, а сегa реши да се врати во градот каде ги направи првите фудбалски чекори и ќе настапува во Серија Б.
Сиригу најголем печат остави во дресот на францускиот ПСЖ, каде запиша 145 настапи, а во кариерата настапуваше уште за Севиља, Осасуна, Торино, Наполи, Фиорентина и Ница.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.