Искусниот Хорст Штефен доби бундеслигашки предизвик од Вердер Бремен

Германскиот прволигаш Вердер Бремен многу бргу пронајде замена за отпуштениот Оле Вернер и го промовираше Хорст Штефен за нов тренер на првиот тим. 

Искусниот Штефен доби тригодишен договор од управата и ќе заработува 300.000 евра по сезона. 56-годишниот стратег претставил јасна визија и напаѓачка филозофија, со потенцирање на младите таленти и создавање победнички менталитет во колективот. 

За Штефен ова ќе биде прв бундеслигашки предизвик во кариерата, а претходно ги водеше тимовите на Дуизбург, Минстер, Штутгарт Кикерс, Кемницер и Елверсберг. 

ФOTO/PHOTO: Horst Steffen/Instagram