Искусниот Ѓорѓи Стоилов е нов фудбалер на албанскиот Билис

Македонскиот фудбалер Ѓорѓи Стоилов е официјално нов член на албанскиот клуб Билис, кој веќе го претстави како ново засилување за првиот тим. 

30-годишниот играч од средниот ред сезонава настапуваше за Македонија ЃП, во чиј дрес постигна два гола на тринаесет одиграни натпревари. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FK BYLIS (@bylisal)

Претходно го носеше дресот на Шкупи, Зира од Азербејџан, Брера Струмица и Турново. Билис во моментов е осмопласиран на табелата со вкупно 20 бода, што значи дека ќе се бори за опстанок во елитното друштво. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.