• Саше Љолес

Битолски Пелистер завршува исклучително богата недела на трансфер пазарот.
Управата на новиот македонски прволигаш официјално објави дека тимот за следната сезона се засилува со Даниел Карчески, кој пристигнува од редовите на Тиквеш.
„Од денес сме посилни на левата бековска позиција, на која Карчески треба да придонесе со неговото големо искуство и неспорен квалитет. Карчески е „дете“ на прилепска Победа, а во македонскиот шампионат настапуваше уште за екипите на Силекс и Тиквеш“, стои во соопштението од Пелистер.
Битолчани продолжуваат со засилувањата во летниот преоден рок, а 32-годишниот Карчески доаѓа само еден ден откако беше потврден трансферот на поранешниот репрезентативецот на Македонија, Мирко Ивановски.
Поранешниот освојувач на Купот претходно се засили со: Александар Ристевски, Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски.
