Искусниот Цуцули потпиша со екипата на Охрид

Цуцули

Екипата на Охрид од наредната сезона ќе може да смета на услугите на искусниот дефанзивец Ајрадин Цуцули.

Клубот ја потврди соработката со поранешниот фудбалер на Велазерими преку својот Фејсбук профил.

Второлигашот досега доведе шест нови имиња за новата сезона, а се раздели со пет фудбалери, кои не добија продолжение на соработката. Претходно на охриѓани им се приклучија Оливер Митрески, Оливер Дишлиески, Фатмир Ариф, Един Мерсовски, Никола Симоновски.

На пријателските средби „рибарите“ запишаа порази од Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Пелистер.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.