Искусен српски стратег седнува на селекторското столче на Грците

Српскиот стратег Иван Јовановиќ ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Грција

61-годишникот ќе го наследи уругвајскиот тренер Густаво Појет кој во последните две години седеше на селекторското столче на Грците. Откако не успеа да направи исчекор и да се пласира на Европското првенство, раководната структура на Грција се реши за селекторска смена. 

Јовановиќ има завидно искуство во својата тренерска кариера и во неколку наврати работеше во грчкиот фудбал. Последниот ангажман му беше во Панатинаикос чиј тренер беше од 2021 до 2023, претходно ги водеше Ники Волос, Ираклис, АПОЕЛ, Паначаики и Ал-Наср, а беше селектор на Обединетите Арапски Емирати.