Искусен бек пристигна во Чегране, Фисник Зука потпиша за Арсими

Прволигашот Арсими од Чегране радикално го менува ростерот за следната сезона. Овој клуб се засили со дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими. Станува збор за 30-годишен фудбалер кој, покрај за кумановскиот прволигаш, настапуваше и за екипите на Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а пак меѓународна кариера градеше во албанскиот фудбал настапувајќи за Фламуртари.

Двете страни се договорија за соработка од една година, а Зука по неколку понуди кои ги имаше како опција, ја избра понудата на Арсими. Во Првата македонска фудаблска лига, новото засилување на Арсими има 236 натпревари.

Новата сезона стартува на 25 јули, а Арсими истата ја отвара против Тиквеш во Кавадарци.