Искри на теренот: Македонците и Грузијците се фатија за врат! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија разочараа против Грузијците. Реализацијата затаи, а ривалот тоа го казни со два погодоци во мрежата на Столе Димитриевски. Поради тоа, нервозата во тимот на Сер Боби беше на високо ниво. 

Во еден момент пред крајот на натпреварот дојде и до судир на играчите. Сосема непотребно, по еден аут дојде до вербален, а за малку и физички дуел на теренот. Барди беше истуркан и сакаше бргу да изведе аут, имаше провокација од Квирацхвелиа, па дојде до близок контакт на теренот. Имаше турканица и мал судир, но судијата бргу го исконтролира инцидентот. 

  • Инцидентот на натпреварот во Скопје: 

Македонија запиша прв пораз во групната фаза на ова натпреварување, па остана со релативно мали шанси за пласман во плеј-офот.