• Горан Упале
Реваншот од полуфиналето на Лига Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Лион дефинитивно ќе биде во игра за највозбудливиот фудбалски натпревар во 2025 година.
Продолженија, два пресврти, девет гола, многу убави потези и уште повеќе емоции, а сето тоа го прави фудбалот најважната споредна работа во светот. Целата планета беше покриена со снимки од момче кое во солзи навива за Јунајтед по четвртиот примен гол во 110. минута кога Александре Лаказет постигна гол од белата точка.
Изгледаше како целиот негов свет да се сруши во налет на најискрените можни емоции, оние кои често ги оставаме настрана кога ќе пораснеме, но по само неколку минути неговото расположение целосно се смени.
A young Man United fan's reaction before and after the comeback.
byu/whiteniteee insoccer
Избраниците на Рубен Аморим не само што постигнаа гол, туку и приредија целосен пресврт кој му овозможи на Јунајтед да се пласира во полуфиналето на Лига Европа по неверојатна драма. А, реакцијата на момчето по голот на Мегваер за 5-4 е вистински доказ за емоцијата и суштината на фудбалската игра.