ВИДЕО: Иско уловен како се жали зад грбот на Зинедин Зидан

Иско

Камерите го уловија Иско како зборува за третманот кој го добива од Зинедин Зидан. Шпанскиот репрезентативец незадоволно зборуваше за периодот кога влегува и кога излегува од игра.

29-годишникот беше заменет по 57 минути против Ваљадолид, а потоа и на полувреме во шокантниот пораз од Кадиз.

„Ако треба да ме извади, тоа е во 50. или 60. минута од натпреварот. Понекогаш на полувреме. Ако треба да ме стави во игра, тоа го прави во 80. минута“ , беа зборовите на офанзивецот.

Во продолжение на видеото се гледа како Марсело се смее, а истото го прави и Лука Модриќ во позадина.

Овој момент доаѓа од „Камп Ноу“, каде Реал Мадрид за време на викендот ја победи Барселона.