Иско: Немам ист третман како останатите фудбалери, а уште помалку шанса да се докажам! 

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон уште еднаш јавно го искажа своето незадоволство од статусот кој го има кај тренерот Сантијаго Солари. 

Со доаѓањето на аргентинскиот стратег како замена за Лопетеги, Иско го загуби првотимскиот статус во редовите на „кралевите“ и на последните четири натпревари одигра само 16 минути. 

„Ситуацијата е таква каква што е. Повеќе од јасно е дека кај тренерот немам ист третман како останатите фудбалери. Едноставно, немам шанса да се докажам. Сепак, ќе продолжам напорно да работам, со надеж дека ќе ја добија заслужената минутажа“, рече шпанскиот репрезентативец. 

Реал Мадрид попладнево го игра големото градско дерби со Атлетико Мадрид, а Иско многу веројатно и овој натпревар ќе го започне од клупата за резерви.