• Горан Упале

Фудбалерите на ПСЖ впишаа нови рутински три бода на своето конто, откако од гости кај Авр се враќаат со победа од 0-2 (0-1).
Парижани се во одлична серија во домашниот шампионат и денешниот триумф беше очекуван, но до истиот стигнаа со многу проблеми и со играч помалку уште од раната фаза на натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Имено, во десеттата минута, по една конфузија со одбранбените фудбалери, Донарума доцнеше при избивањето на топката и со копачката го удри противникот директно во главата. Епилогот беше очекуван – исклучување. Но, и покрај тоа ПСЖ доминираше на теренот, а своите шанси ги искористија Мбапе и Витиња, за конечна победа на шампионот од 0-2.
Во следното коло ПСЖ го чека дерби дуел со Нант, а потоа следува главната битка за осминафинале во Лигата на шампионите, против Борусија Дортмунд на гости.