• Саше Љолес
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на најважните натпревари во сезоната.
Финалето во Лигата на шампионите му припадна на романскиот судија Иштван Ковач од Романија, а нему ќе му помагаат сонародниците Михаи Марика и Ференц Тунјоги. Четврти судија ќе биде Жоао Педро Пињеиро од Португалија. а главен во ВАР-собата ќе биде Холанѓанецот Денис Јохан Хиглер.
40-годишниот Ковач првпат ќе суди финале во Лигата на шампионите, а претходно по еднаш ја делеше правдата на финалињата во Лига Европа и Конференциската лига. Истрча на теренот во финалето меѓу Баер Леверкузен и Аталанта (0-3), како и на мечот за трофејот меѓу Рома и Феенорд во Тирана (1-0).
Што се однесува до финалето на Лига Европа, таму главен судија ќе биде Феликс Цвајер од Германија, со асистенти од истата земја, Роберт Кемптер и Кристијан Дајц. Босанецот Ирфан Пељто ќе биде задолжен за финалето во Конференциската лига, кое ќе се одигра на 28 мај.
За потсетување, во Лигата на шампионите се среќаваат Интер и ПСЖ, за трофејот во Лига Европа ќе се борат премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а во Конференциската лига ќе се судрат англискиот Челзи и шпанскиот Бетис.