Исход кој се очекуваше: Реал Мадрид е подготвен да продаде една од ѕвездите!

Светското клупско првенство донесе јасен сигнал дека новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, повеќе не смета на бразилскиот офанзивец Родриго.

Бразилецот не беше стартер на последните пет натпревари, што беше доволен показател дека неговата ера во „кралскиот клуб“ се ближи кон крајот. Потврдата стигна веднаш по поразот од ПСЖ во полуфиналето со убедливи 4-0, по што беше најавена средба меѓу клубот и фудбалерот што треба да ја дефинира неговата иднина. Според информациите, Реал е подготвен да го пушти Родриго да замине доколку пристигне задоволувачка понуда, а одлуката ќе биде на фудбалерот.

Интерес за Родриго имаше од Арсенал, како и од Ал-Наср. Сепак, приоритетите на бразилскиот напаѓач се да остане во Европа.

Родриго пристигна во Реал пред шест години од Сантос за 45 милиони евра и досега има запишано 68 гола и 51 асистенција на 270 натпревари. Според проценката на „Трансфермаркт“, неговата актуелна вредност изнесува 90 милиони евра.